Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека адаптацијата кон климатските промени мора да биде третирана како клучен приоритет за владите, предупредувајќи дека е потребна итна акција за затворање на финансискиот јаз во услови на сè поизразени климатски ризици.
„Министрите за финансии, централните банки, министерствата за планирање и органите за јавни инвестиции мора да го третираат климатскиот ризик како клучна економска политика за мобилизирање поголеми домашни ресурси“, рече Гутереш, повикувајќи ги владите да го вклучат климатскиот ризик во сè, од фискалната политика до регулативата.
Исто така, Гутереш повика на воведување данок на неочекуваната добивка на компаниите од секторот за фосилни горива, а средствата ќе бидат насочени кон адаптација, како и кон санација на загубите и штетите предизвикани од климатските промени.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
