-->
-->
GULF OIL донира 3 милиони денари на државните институции во борбата против Ковид-19
-->
Gulf Oil донира 3 милиони денари во финансиски и материјални ресурси на располагање на државните институции во борбата против ковид-19.Компанијата денес ја направи првата донација обезбедувајќи 10 тони нафта на ОпштинаКуманово како една од најпогодените области од вирусот.
“Во овој момент се наоѓаме во ситуација во која треба да ги здружиме силите, да бидемесолидарни и секој да помогне на најдобар можен начин. Ја направивме првата донација во Општина Куманово, но ќе помогнеме и на други места и институции. Ги поддржуваме мерките за рестрикција и веруваме дека ќе помогнат да се стави ситуацијата под контрола и ќе спречат понатамошно ескалирање.“ велат од менаџментот на Gulf Oil.
Компанијата уште од почетокот на вонредната состојба им обезбеди услови за работа од дома на своите вработени, а воведе специјални заштитни превентивни мерки за вработените кои мораат да бидат на своите работни места на бензинските пумпи и во транспортниот сектор, како и за сите купувачи на нивните малопродажни места.Дополнително Gulf одлучи да продолжи со рекламирање на сите медиуми со кои веќе има соработка, во момент кога голем дел од компаниите прекинуваат, со цел да ја поддржи нивната работа за навремено и точно известување на граѓаните за сите новости поврзани со ситуацијата, а се вклучија и со активна кампања на социјалните медиуми за заштита и превенција од Ковид-19.
„Изразуваме огромна благодарност на сите кои се во првите редови на оваа борба: здравствените работници, вработените во МВР, вработените во маркетите, аптеките и сите оние кои во моментов ја имаат најтешката работа и контакт со најголем број на луѓе.“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
