-->
-->
Гугучевска: Гласањето се одвива нормално, во мал дел од избирачките места има технички проблеми
-->

Портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска за Сител изјави дека првичните информации кои ги имаат укажуваат дека гласањето се одвива нормално. Првите официјални информации ќе ги има по првата прес-конференција на ДИК во 9:30 часот.
-Има дел избирачки места каде што има мали технички проблеми, меѓутоа се надминуваат. Во најголем број од избирачките места гласањето е успешно започнато. Најголем дел од проблемите се со уредите за отпечаток со прст. Од она што го имаме до сега како информација е неможност да се логираат претседателите на избирачките одбори во уредот, нечитливи лозинки итн., меѓутоа веднаш се интервенира на лице место за да продолжи нормално гласањето, рече Гугучевска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
