Гугл, Епл и Тесла меѓу обвинетите за смртта на деца во Конго

Пет водечки светски технолошки компании, вклучително и Епл, Тесла и Гугл, се обвинети за соучесништво во врска со смртта на деца во Конго, принудени да работат во рудниците за кобалт, метал што се користи за правење телефони и компјутери.
Судска постапка во име на 14 семејства од Др Конго беше покрената во неделата, од страна на непрофитната организација Меѓународни заговорници за право, со седиште во САД. Тужбата е поднесена против Тесла, Епл, Алфабет (матична компанија на Гугл), Мајкрософт и Дел Технолоџис. Во обвинението се тврди дека овие компании биле дел од системот на присилна работа, што според семејствата, резултирало со смрт или тешки повреди на нивните деца.
Ова е првпат неколку компании од технолошката индустрија да се соочат со парница поради вадење кобалт.
Судските документи доставени до Окружниот суд во Вашингтон, исто така, содржат фотографии на осакатени деца.
Шест од 14-те деца вклучени во случајот загинаа при пропаѓање на дел од тунел, додека други се здобија со повреди кои целосно ги сменија нивните животи, вклучително и парализа.
Во тужбата се наведува дека децата, некои на возраст од само шест години, биле принудени да го напуштат училиштето заради сиромаштија и да работат во рудниците за кобалт, сопственост на британската рударска компанија „Гленкор“, која претходно се соочуваше со обвиненија за употреба на детски труд. На некои деца им плаќале само 1,5 долари на ден, а работеле шест дена неделно.
Дел Технолоџис се огласи по обвинувањата, соопштувајќи дека „никогаш свесно не набавувале суровини“ произведени од детски труд и дека тие започнале истрага за наводите.
Ново на Сител
-

Тошковски најави мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата
-

Финска нуди бесплатно патување на 16 мажи и жени од целиот свет со сите платени трошоци и состанок на слепо
-

„Лајка“ со зголемен обем на работа, 52 отсто повеќе заловени кучиња во првите десет месеци од годината
-

Бугарија: Најмалку 11 загинати и десетици повредени во верижните сообраќајки со над 70 возила
-

Откриени повеќе од 20.000 профили на TикТок поврзани со педофилија во Шпанија
-

Унгарскиот премиер потврди дека братот на Виктор Орбан е приведен
-

Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, велат од ЦУК
-

Трагедија во Бугарија: Најмалку петмина загинати во верижен судир на 50 возила поради густа магла
