Свет
7. April 2017 - 11:14

ГШ на сириската армија: САД не не предупредија за нападот

Генералштабот на сириската армија соопшти денеска дека САД не ги предупредиле за нападот врз базата Шаират во провинцијата Хомс.

Тие го осудија нападот, нарекувајќи го акт на агресија и дека со тоа им се помага на терористите во државата.

Извор од базата изјави за руски медиуми дека во нападот е уништена целосно базата и сите авиони во неа.