Грушко: Влезот на Црна Гора во НАТО ќе ги продлабочи линиите на поделба во Европа
Влезот на Црна Гора во НАТО дополнително ќе ги продлабочи линиите на поделба во Европа, изјави постојаниот претставник на Русија во Северноатлантската алијанса Александар Грушко, јави ТАСС.
- Тоа не е прво проширување на Алијансата, и се разбира ниту еден круг од проширувањето не ги подобрил нашите заемни односи со земјите кои одлучиле да влезат во НАТО, рече Грушко.
Во четвртокот шефовите на дипломатиите на НАТО потпишаа Протокол за присоединување на Црна Гора кон Алијансата. За да стапи во сила, документот треба да биде ратификуван од сите држави од НАТО.
Според Грушко, проширувањето на НАТО „создава нови или ги преместува старите линии на поделба во Европа и противречи на самата потребност за создавање нов систем за колективна безбедност на континентот, кој има потреба од обединети напори во борбата против новите закани и ризици“.
Тој истакна дека преку забрзаната процедура за прием, која Алијансата ја наложила кон Црна Гора, НАТО ги нарушил сопствените критериуми во однос на кандидатите за членство.
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот