Груш пред американскиот Конгрес: САД од урнати летала извадиле траги што не припаѓаат на луѓе

Американскиот Конгрес одржи сослушување за тврдењата за вонземски живот на него зборуваше ветеранот на воздухопловните сили и на разузнавањето, Дејвид Груш кој сведочеше дека Америка „можеби има технологија која е пронајдена во вселенски систем што не е наш“.
Тој претходно зборуваше за тајни програми за кои тврди дека покажуваат дека Пентагон пронашол „недопрени или делумно недопрени авиони“ кои не се направени од човекот.
За време на неговото сведочење, тој исто така тврдеше дека САД од урнати летала извадиле траги што не припаѓаат на луѓето. На прашањето дали се работи за човечки или нечовечки биолошки траги, Груш даде шокантен одговор.
– Нечовечки, а тоа беше оценката на луѓе со директно познавање на програмата, со кои разговарав – рече тој.
Груш вели дека знае за „повеќе колеги“ кои биле физички повредени од активностите на неидентификувани аномални појави. Запрашан да даде повеќе детали, тој изјави дека „не може да навлегува во детали“.
Инаку, во интервју објавено минатиот месец, Груш рече дека „САД пронашле пилоти вонземјани“.
„Па, се разбира, кога ќе повратите нешто што е или слетано или паднато, понекогаш наидувате на мртви пилоти и верувале или не, колку и да звучи фантастично, тоа е вистина“, рече Груш тогаш.
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
