Македонија
15. May 2018 - 8:50

Групна изложба на Ксенија Котев, АмстерДама и Едвард Станковски во галерија „Акантус“

Во галеријата „Акантус“ во Скопје вечер ќе биде отворена групната изложба на Ксенија Котев, АмстерДама и Едвард Станковски.

Партнерската двојка која живее и работи во Амстердам, АмстерДама има желба и волја да ја пренесе културата на „second hand shopping“. На изложбата ќе биде претставена селекција на автентинтични парчиња женска и машка гардероба, микс на ретро, винтиџ, тренди и авангардно.

Љубителите на уметноста до недела можат да уживаат во сребрената авангарда и накит на Ксенија Котев. На групната изложба ќе бидат претставени парчиња накит од двете претходни колекции на Котев, „Hidden stories“ и „Cradle of desires“ и ќе може да се погледне новата колекција која допрва претстои „Embryo“.

Финалниот декор го има уметникот Едвард Станковски, кој повеќе од 25 години живее и работи во Амстердам, а пред скопската публика ќе се претстави со изложбата „La Femme Obscure“. Во центарот на оваа изложба е жената, нејзината убавина, сензуалност, таинственост и сила.