Група од 168 илегални мигранти пристигнаа пеш од Грција во Турција

Група од вкупно 168 сириски мигранти илегално по копнен пат влегоа од Турција на територијата на Грција, соопшти грчката полиција.
Доаѓањето на илегални мигранти од Турција во Грција не е невообичаена појава, но она што е интересно во овој случај, според грчката полиција, е тоа што групата не била предводена од криумчари на луѓе, тука станува збор за десетици семејства кои самоницијативно се организирале и пеш тргнале на пат кон ЕУ.
Грчката полиција информира дека покрај оваа група, во текот на вчерашниот ден биле спречени уште три обиди на мигранти за илегален влез од Турција во Грција.
Во едниот од случаите, 10 мигранти, најголемиот број по потекло од Ирак, биле откриени на премин на грчко-турската граница, во камион управуван од државјанин на Бугарија.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
