-->
-->
Груиќ: Дуелот со Македонија нов предизвик
-->

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во петок на комплексот терени „Петар Милошевски“ во Скопје ќе ја пречека соодветната селекција на Србија. Гостите се предводени од неколку играчи кои настапуваат во силните европски лиги, а еден од најдобрите фудбалери е Марко Груиќ кој го носи дресот на Ливерпул.
- Ова ќе биде нов предизвик за оваа генерација. Македонија е послабо рангирана од нас и ќе биде интересно да видиме колку можеме да одиграме на гостински терен. Јас со нетрпение го очекувам дуелот особено што не играв на првиот натпревар против Гибралтар, изјави Груиќ.
Груиќ го носеше дресот на Србија и на натпреварот против Македонија на ЕП во Полска во јуни годинава, а беше дел и од репрезентацијата на Србија (играчи до 20 години) која на СП во Нов Зеланд минатото лето го освои златниот медал.
Натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2019 што ќе игра во Италија, меѓу Македонија и Србија ќе се одигра во петок со почеток во 15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
