Груевски засади дрвце во Струмица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Груевски денеска во Струмица засади дрвце во рамки на акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“.
- Во оваа 17 акција по ред ќе бидат заседени 2,6 милиони дрвца. Досега во претходно спроведените беа засадени 35 милиони садници. Ова е многу благородна акција бидејќи придонесува за заштита на животната средина и за збогатување на шумскиот фонд на државата. Иако фокусот овој пат на акцијата е Скопје, во оваа акција ќе бидат опфатени и повеќе други населени места во државата, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој е носител на изборната листа за пратеници во Изборната единица 4 денеска ќе ги посети населените места Куклиш и Банско каде пред локалните жители ќе зборува за Изборната програма “Реално“ и проектите предвидени за реализација.
Ново на Сител
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
