Груевски: Заев и СДСМ прават директна штета на економијата, тоа го констатира и ММФ

Заев и СДСМ прават директна штета на економијата, а тоа го констатира и ММФ и ја намали проекцијата за планираниот раст на Македонија за годинава од 3,8 на 3,4 отсто. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец.
- Од она што го видов од Извештајот на ММФ главната забелешка е зошто се зголемени платите на полицајците. Меѓутоа, нотирано е и дека со подобрената бизнис клима од страна на Владата овозможени се повеќе инвестиции, отворање многу нови работни места и зголемен извоз. Исто така, нотирано е дека политичката криза веќе влијае на економијата и од тие причини проекцијата на ММФ е намалена од 3,8 на 3,4 за оваа година, рече Груевски нагласувајќи дека ММФ веќе констатира дека тоа што го прави Зоран Заев и СДСМ влијае на економијата поради што нема да има таков раст како што претходно се очекуваше.
Растот на економијата, како што рече, се уште се очекува да биде висок, но не толку колку што претходно се очекуваше. - Практично Заев и СДСМ со ова што го прават прават директна штета на сите граѓани на Република Македонија во делот на економијата, нагласи Груевски.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
