-->
-->
Груевски: За еден месец започнува изградбата на патиштата Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка
-->

За еден месец ќе почне изградбата на експресните патишта Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка со што продолжува да се реализира ветувањето за изградба на шест вакви патни решенија во должина од 130 километри инвестиција од 200 милиони евра.
– Најавивме изградба на експресни патишта и дел од нив се речиси готови, дел се во градба, а дел треба да почнат за еден месец, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања при денешниот увид на реализацијата на проекти во Македонска Каменица.
Речиси е готов, потенцира Груевски, експресниот пат од Велес до Штип, со четири ленти, минатиот месец започна изградбата на експресниот пат помеѓу Кочани и Штип исто така со четири ленти. Стариот пат помеѓу Штип и Кочани останува, а оваа комплетно нова траса од 26 километри треба да заврши за година до година и половина. Во тек на градба е и патот од Градско до Прилеп исто така со четири лени, рече Груевски.
Тој потенцираше дека се внимавало сите експресни патишта што се градат да имаат стандарди на автопати затоа што се градат комплетно нови. – Освен патот Штип-Велес, којшто е проширување, останатите се нови траси и се трудиме да бидат согласно стандарди на автопат со исклучок на тоа што немаат шест туку четири ленти. Во некое догледно време, доколку има потреба и доволен број возила, да се прошират со шест ленти само ќе биде потребно проширување, а веќе стандардите за кривини, длабнатини или нагорници се согласно стандардите за автопати, појасни Груевски.
Покрај експресните, како што потенцираше, се реновираат или се градат 26 регионални патишта низ целата држава. Кај поголемиот дел се врши обнова, а кај дел со вадење асфалт, гребење и поставување комплетно нов, со одредени проширувања на некои места, поставување странични специјални работи за собирање вода.
– Има сериозна градежна експанзија во делот на патиштата, особено кај експресните и регионалните. Тоа е наше ветување пред граѓаните и ние до последен момент се додека имаме можност ќе направиме се што е во нашата можност да ги исполниме нашите ветувања тие да се движат со голема динамика, изјави Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
