Груевски во посета на општина Вевчани

Во рамки на посетата на струшкиот регион лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министрите за транспорт и врски Владо Мисајловски и за труд и социјална политика Диме Спасов, како и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски попладнево беше и во посета на општина Вевчани.
Груевски на лице место преку разговорот со градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски, како и во контакт со локалното население се запозна со дел од активностите и градежните проекти што се одвиваат во рамки на општината, а кои се во завршна фаза.
Моментано во општина Вевчани се работи на девет различни проекти, меѓу кои уредување на шеталиштето на кејот на Вевчанска река, кружен пат околу селото, како и партерно уредување во рамки на новоизградениот образовен центар во селото во чии рамки функцонираат Основното училиште, повеќенаменска спортска сала и детска градинка. Инвестиција во вредност од 250 илјади евра.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изврши увид и во делот на инфраструктурните проекти во општината чија изградба е во завршна фаза како што е делот од канализациски линии во должина од над два километра, зафат вреден околоу 65 илјади евра што ќе биде целосно функционален и предаден во употреба наредниот месец.
За наредната година беше најавено изградба на уште едно мултифункционално спортско игралиште, како и уште еден дел од обиколниот пат кон селото за што се обезбедени средства во износ од 23 милиони денари.
Со изградбата на новото повеќенаменско спортско игралиште, како и со постојаната спортска сала и најсовремените тениски игралишта ќе биде заокружен спортскиот комплекс во рамки на општината Вевчани кој што се очекува уште повеќе да придонесе за развој на туризмот во областа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
