Груевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација на судството
Граѓаните може да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите во Република Македонија, контрола и партизација на судството, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на 14 нови дела од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници“, Груевски нагласи дека СДСМ, кога збрува за реформи во судството, мисли на негова партизација.
- СДСМ никогаш не направиле некакви реални реформи кои ќе го подобрат работењето на судството. Повозрасните добро памтат што се случи во времето на СДСМ со судството, постојана партизација и контрола од страна на извршната власт. СДСМ реформа на судството го нарекуваше и она во 1996 година кога 600 судии со партиска наредба и партиски договор беа назначени во Парламентот, во еден ден. Потоа, во 2002-ра, кога се вратија на власт, и тоа го нарекоа реформа во судството, кога со одредени акробации го сменија составот на Судскиот совет и повторно инволвираа партиски кадри и партиска контрола, посочи Груевски.
Сега повторно, додаде, најавуваат некакви реформи во судството, некакви промени на судиите и реизбор.
- СДСМ повторно планира да направи сериозна контрола врз судството и негова партизација. Овојпат им е важно да се ослободат од прогоните, од гонењата поради нивните незаконски дејства во минатиот период, односно на неколку нивни поединци. Но, ВМРО ДПМНЕ ќе стои цврсто, да се спречи партизација и контрола на судството од страна на СДСМ зашто СДСМ има долга историја на правење обиди на контролирање на судството, на негово партизирање, вклучување партиски кадри и целосна контрола, потенцира Груевски.
Улогата на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече, ќе биде да го спречи тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да го спречи партизирањето на судството.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
