Груевски: ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство и силно ќе се бори за интересите на државата. Државниот ќе остане пред партискиот и личниот интерес. Членството во НАТО и во ЕУ ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед, истакна вечерва во Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Народот и понатаму ќе може да смета и да се потпре на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои ќе останат на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, но и во функција на развојот и напредокот. Повикот за предвремени парламентарни избори останува отворен. Покажавме што е одговорна власт, што е власт која се грижи за народот, која ги исполнува дадените ветувања, која отвора нови работни места, која прави реформи и напредок, посочи Груевски.
Тој додаде дека ќе покажат и што е одговорна, но и силна опозиција, која брзо, со поддршка на народот ќе се врати на власт, и ќе го превземе водството на водење на земјата напред и создавање на подобри услови за живот.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
