Груевски: Со владините мерки вработени 43.000 лица, годинава уште 10.000

Оперативните мерки за вработување се одвиваат без проблеми и покрај политичката криза и само оваа година со овој план се предвидуваат нови 10 илјади вработувања што заедно со претходно реализираните 43.000 ќе достигнат вкупно 53 илјади вработувања, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска присуствуваше на официјално отворање на нова инвестиција за одгледување и преработка на медицински канабис во Скопје
- Заедно со проектот „Македонија вработува 2“ ќе имаме околу 10 илјади нови работни места од оваа оперативна програма само во оваа година. Засега работите одат добро и нема некоја загриженост околу нејзиното спроведување. Граѓаните се оние коишто се заинтересирани за оваа програма, добро се запознаени, редовно ги посетуваат просториите на Агенцијата за вработување и работие се одвиваат според замисленото. Средства во буџетот се обезбедени и се користат. Така што оваа бројка од 53 илјади вработувања е многу сериозна бројка од само еден оперативен план, кој секоја година се промовира и проширува, односно се надградува и се реалзира, рече Груевски на новинарско прашање за спроведувањето на оперативниот план за вработувања на Владата.
Ново на Сител
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
