Груевски се сретна со Александар Чеферин и Алекс Фергусон
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ в понеделникот вечерта беше во друштво на можеби најголемото тренерско име во историјата на фудбалот сер Алекс Фергусон, откако на покана на УЕФА и ФФМ присуствуваше на коктел свеченоста за високите гости, по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Супер купот на УЕФА.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, покрај средбата со Алекс Фергусон се сретна и со Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, под чија капа е Суперкупот кој ќе се одржи на Арената Филип Втори, која во минатите години од еден обичен просечен стадион, стана можеби најмодерен во регионот.
Груевски денеска на Фејсбук упати честитки за сите оние кои многу работеа овој Суперкуп да дојде во Скопје.
„Почнувајќи од претседателот на ФФМ Илчо Ѓеоргиевски и неговиот тим, министрите за транспорт Миле Јанакиески и Владо Мисајловски и нивните тимови, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и нејзиниот тим, како и раководната структура на МНТ и Музејот на македонската борба, директорот на ПУИК Цветко Грозданов и неговиот тим врз кои беа поголем дел од обврските и роковите, градоначалникот на Скопје Коце Тајановски и неговиот тим, но и мојот тим во кабинетот на Владата, а особено Славе Веловски и Дејан Герасимовски кои на дневна основа макотрпно работеа на овој проект“, напиша на Фејсбук Груевски.
Груевски напиша и дека добивањето на Суперкупот, за кој како што вели неговата Влада се борела да биде во Скопје, му помага и на туризмот.
„Освен од Шпанија и Англија, сретнав луѓе од многу земји, од Малезија и Кувајт, од Србија и Австрија, Данска, Шведска, Белгија,Турција, Сингапур и од каде ли уште не. Се сеќавам многумина не веруваа, имаше и такви кои оспоруваа, плукаа и кочеа, но еве дојде денот кога покажавме дека можеме и умееме, Скопје е домаќин на врвен спортски настан, фудбалскиот супер куп со кој Македонија е на светската спортска карта. Според правилата на УЕФА, Владата која ја предводев заедно со ФФМ официјално поднесовме кандидатура, заедно лобиравме и убедувавме, заедно ветивме дека ќе се исполнат сите услови и заедно ги исполнивме“, порачува Груевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното