Груевски: Се инсталираат пет мамографи низ државата вредни 40 милиони денари
Во моментов тече инсталирањето на пет нови мамгорафи ширум Македонија од кои четири се во завршна фаза. Петтиот во Македонска Каменица е во фаза на инсталирање, бидејќи таму течат и градежните работи за подготовка на теренот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Прилеп.
Тој исткана дека претходно беа набавени и вградени шест мамографи во поголемите населени места во Македонија, меѓу кои и во Прилеп.
- За петте нови мамографи се инвестираат околу 40 милиони денари. Мамографите се максимално искористени и спасуваат многу животи затоа што правењето скрининг во рана фаза на појава на канцер кај жените е речиси гаранција дека ќе бидат излечени, рече Груевски.
Доколку скринингот се прави доцна, додаде, за жал голема е веројатноста да заврши со смртни последици.
- Набавката на мамографите не само што значи осовременување на здравствената инфраструктура, туку значи и конкретно и директно спасување на многу животи ако во рана фаза биде откриена болеста преку скрининзите, посочи Груевски.
Тој додаде дека Министерството за здравство веќе има направено програма за скрининзи на сите жени над педесетгодишна возраст кои се повикуваат да направат скрининг, а доброволно скрининг може да направат и младите.
Ново на Сител
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното
-
Сабаленка пред финалето со Андреева: Како да играат стара мајка со дете
-
Во Илинден пронајдени човечки коски во шахта