Груевски: СДСМ не сака да се збори за реалните проблеми, затоа измислуват непостоечки работи
Од Ахмети разбравме дека СЈО требало да работи до влезот на Македонија во НАТО, тој го кажа она што многу го мислат, дека тоа е политчка агенда, а не владеење на правото, истакна ГРУЕВСКИ. Тој посочи дека благодарение на Ахмети се дознало која е целта за формирањето СЈО .
- Кога ќе се земе предвид дека за членство во НАТО е потребно само решение за името, тогаш неговата реченица е следнава, СЈО нека работи додека не го смени името на државата. Навистина, свесно или не, Ахмети прв јавно кажа која е целта за формирањето СЈО, И зошто некој бара продолжување на неговата работа.
Груевски вели дека тактиката им била да ја казнат дијаспората, десницата да се занимава со самата себе, ВМРО да се занимава со ВМРО, па Шарена Револуција И нормално Катица да си штанца пријави по секаков основ со измислени обвинувања.
- Може ќе добијам и обвинение што денеска на настанов сме се собрале повеќе луѓе од СДСМ на нивниот. Чисто онака колку да не е без работа. Колку да си ја заработи платата жената. Највисоката во државата плата. Па не за џабе буџетот им е 4 милиони евра. Па внук и мора да земе плата месецов, исто и уште 100-тина Сдсмовци вработени таму, нивни роднини, комшии и пријатели кои нели го „зајакнуваат капацитетот“ на СЈО. Освен супер активно СЈО, со штанцање на пријави и обвинувања, кои веќе се прочитани од народот и немаат никаква тежина, освен притисокот кој во континуитет ќе го вршат врз судот и од тука и од надвор, ветувањето за се и сешто кон народот од страна на Заев и неговиот криминален клан, освен уфрлувањето на разни преваранти, криминалци и бивши разузнавачи да направат забуна пред изборите и осмислените и советувани други два блока кобајаги трети патишта, чија единствена употребна вредност ќе е да направат барем мала штета на ВМРО, што секако нема да им успее бидејќи веќе се прочитани, сите се прочитана книга, стратегија дадена како совет од оние кои на СДСМ им кажуваат што да прават, во овој изборен период, ќе се соочуваме и со ситуации како оној случајот со криминално полициската хајка против Диме Спасов во која за среќа ги видовме снимките и се ни е веќе јасно, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека откако пропадна операцијата со производителот на фалсификати наречен Чауш, сега не треба да се изненадиме ако во овој период одредени структури во полицијата креираат ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО.
- Снимките така јасно одговорија на се, што немам што да додадам, освен да замислам само што ќе се случеше ако беше обратно, ако министерот во МВР беше од ВМРО, а дополнителниот заменик за труд од СДСМ, а се другото да останеше исто и да се случеше истото. Па тоа ќе беше драма. Прво јунаците од СДСМ со трчање и плачејќи ќе одеа во сите амбасади, па амбасадорите ќе твитнеше еден амбасадор мераклија за праќање пораки по твитер, и ќе по бараше ИТНА средба за пола саат кај мене, а првата реченица ќе му беше деканивниот главен град е загрижен, згрозен и шокиран. Потоа најмалку пет амбасадори ќе прочитаа нешто под прозор или пред Владата или пред штаб, во смисла дека демократските процеси се загрозени, дека се многу загрижени, дека очекуваат решително расветлување на случајот, дека ќе влезе во сите можни извештаи и препораки на свет, дека ќе има одговор, санкции и други работи од добро познатиот вокабулар на слични реакции. До вечерта и два три министри за надворешни работи на други држави ќе изразеа загриженост, осуда, предупредувања, одблиску ќе следат што ќе се случи, одблиску мониторираат, па дека ова не оддалечува од НАТО и ЕУ и така натаму. Од утредента сите невладини на еден познат филантроп ќе се изредеа, а нивните домашни платеници ќе се испотепаа кој повеќе да нападне и исплука небаре хонорарот што треба да го заработат е по учинок. Во целата таа гужва најсреќен ќе беше СДСМ. Ете ти причина пак да не одат на избори, да најават бојкот, и Заев со неговото познато викање кога збори на прес конференција со 45 луѓе зад него ќе го најавеше излегувањето од изборниот процес, рече Груевски.
СДСМ во недостиг на проекти и идеи се занимаваат со починати луѓе, со Јордан Мијалков, кој единствена вина му е што ми е вујко, кој го обвинува осусдено лице и поранешен затвореник, а дежурниот нивни експерт Стојан Андов го замениле со пензиониран разузнавач и криминалец Слободан Богоевски, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
-

Ивона Талевска
Сите содржини од овој новинар
