Груевски: Растот на индустриското производство ќе повлече раст на профитот и нови работни места

Порастот на индустриското производство од 13,1 отсто во октомври е најголем раст оваа година гледано на месечна основа и практично ќе повлече зголемување на севкупниот раст на индустриското производство за годинава. Очекувам и наредните два месеца да биде постигнат висок раст во индустријата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски по обиколката на работите на реконструкција на источниот конак во манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп.
- По стагнацијата што ја имавме во април, мај и јуни работите почнаа да се подобруваат. Стагнацијата беше резултат главно на политичката криза предизвикана од СДСМ. По надминувањето на таа политичка криза дојде до раст на индустриското производство и еве веќе во октомври достигна 13,1 отсто. Инаку, растот за цела година од јануари до октомври е 3,6 отсто и очекуваме и наредните два месеца, ноември и декември, да има исто така висок раст на индустриското производство. Тоа сигурно ќе повлече и раст на профитот во индустријата и отворање нови работни места. Секако, за ова свое влијание имаат и многуте мерки што ги презема Владата, многуте проекти за олеснување на бизнисот за подобрување на бизнис климата за подобри услови за компаниите за правење бизнис. Во тој дел ние ќе продолжиме максимално да правиме напори и понатаму да ја подобруваме бизнис климата за да овозможиме на компаниите да направат што е можно подобри резултати и да отворат што е можно повеќе нови работни места, рече премиерот Груевски по обиколката на овој манастирски комплекс со кој ја заврши посетата на општина Прилеп.
Ново на Сител
-

Британскиот премиер разгледува можност за јавна истрага за активностите на Џефри Епстин во Велика Британија
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година
-

Полицаец наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал, парите ги земал и приложувал стари уплати
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
