Груевски: Правиме напори за спроведување попис според највисоки стандарди

Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект.
Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на собраниска седница на прашање на пратеничката Роза Топузова Каревска.
Груевски посочи дека во меѓувреме подготовките за спроведување на пописот се одвиваат во два правци - во правец на електронско поврзување на матичните евиденции за во најголем дел пописот да биде електронски и во таа насока веќе има резултати.
- Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите што постојат матични евиденции во Македонија и со тоа нашите проценки се дека околу 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните туку софтверски, компјутерски со електронско поврзување на матичните евиденции ќе се соберат сите потребни одговори, рече Груевски.
За оној дел кој ќе биде рачно теренски направен, оние преостанати 30 проценти кои ќе треба теренски да бидат поставени како прашања на граѓаните, нагласи Груевски, исто така се прават одредени подготовки.
- Клучната работа во овој дел е да се изврши набавка на т.н. fingerprint или електронска проверка на биометриските податоци на тој што треба да се попише за да се потврди дека тој е во земјата и дека тој е тој кој го дава одговорот на прашањето. Без такво нешто секогаш би имало сомнежи дали навистина човекот што требало да одговори одговорил, дали одговорил некој друг итн., потенцира Груевски.
Појасни дека се разработува една поширока анализа и шема како да се комплетира проектот кој подоцна би поминал на владина седница и би се реализирал.
- Сега е во фаза на подготовка тој проект. Значи, ги правиме сите напори да подготвиме изведба на попис по највисоки меѓународни стандарди, попис којшто нема да влее сомнеж кај никого и за којшто во секој момент ќе може да се обезбедат докази дека навистина тој кој ги дал одговорите е лицето кое е запишано, попис кој ќе биде на терен помалку оптоварувачки и за анкетарите и за оние кои ги одговараат прашањата бидејќи ќе имаат значително помал број прашања што ќе треба да ги постават затоа што поголем дел од прашањата ќе бидат електронски преземени од матичните евиденции кои постојат, додаде премиерот Груевски.
Ново на Сител
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
