Македонија
11. September 2015 - 20:09

Груевски поразговара со граѓаните за нивните потреби

Жителите на Горно Лисиче ја истакнаа благодарноста  за изградбата на водоводната и канлизациона мреѓа како и за градеѓните зафати кои се преземаат. Беше договорено оваа година да се проектира а следната година да се гради и друга улица.

Груевски беше запознат и со проблемот на жителите на овој дел од општината со недостатокот на училишен простор. Вети дека изградбата на училиште ќе започне до крајот на 2016та.

Иако секоја година се чисти сепак и натаму постои проблем со каналот во Горно Лисиче, се пожалија граѓаните. Премиерот го задолжи скопскиот градоначалник да најде решение и да врши постојан надзор..

Дел од граќаните се поѓалија на проблем со водоснабдувањето во повисоките делови на Горно Лисиче. беше договорено екипи на водовод веднаш да извршат увид и да презематр мерки во интерес на граќаните.

Ќе се реши и проблемот со автобускиот превоз. откако граќаните се побараа почесто сообраќање на автобуската линија број 33  Груевски договори средба на граќаните со ЈСП веќе во понеделник.

За улиците 1 и 2 беше договорено идната година да започне реализација на изградба на канализација и санација на училиштата. во понеделник градоначалникот Коневски ќе одржи состанок за усогласување на пресметката за комуналии која ќе ја плаќаат граѓаните.

Груевски посети из емјоделско стопансктво во Долно Лисиче кое е корисник на средства од владата.