Бизнис
9. January 2016 - 21:14

Груевски: Откупот на тутун тече одлично со реална цена

Откупот на тутунот се одвива одлично, оцени премиерот Груевски, информирајќи дека досега се откупени околу 8,5 илјади тони. Постигантата просечна цена од 187 денари за килограм е реална,  а на тоа државата исплаќа уште 60 денари субвенција.

– Откупот тече релативно во најдобар ред. Сите октупни претпријатија што имаат лиценца вршат откуп, а инспекциите се на терен. Државата бурно ќе го следи процесот особено во делот на добивање реална цена за тутунот и реално вреднување на трудот на тутунопроизводителите. Засега работите одат во добар правец. Се надевам дека така ќе остане и до крај, изјави Груевски.

Просечната цена на тутунот годинава е за 70 денари повисока од лани и, како што потврдуваат и од тутунарските здруженија, откупот се одвива без проблеми. Тутун се откупува на 152 пунктови низ земјата.

Премиерот порача дека владата и службите до последниот ден будно ќе го следат откупот и цените што на тутунарите им ги нудат откупните компании.