Македонија
15. August 2015 - 20:02

Груевски остануваме со граѓаните како од првиот ден

Од  првиот ден сум во постојан контакт со граѓаните на терен , на состаноци во канцеларија, на патувања и ќе продолжам така, истакна премиерот Никола Груевски по посетата на скопските општини Петровец и Илинден. Според премиерот клучно е да го чувствувате теренот, потребите на граѓаните и да се увидат нивните проблеми, да се врши контрола на тоа што е завртано и ветено да се сработи.

-Ако претседателот на Владата не е постојано на терен, тоа не е добро, нагласи Груевски, додавајќи оти ако не е постојано на терен може да се забави работењето на одредени институции, да се  загуби контактот со граѓаните и со нивните проблеми.Јас тоа не сум дозволил да се случи и затоа сум постојано на терен и така и ќе останам. Некому, како што и самите кажавте, тоа му изгледа чудно, некој тоа го критикува или го исмејува. Меѓутоа, знам дека мнозинството граѓани во Македонија тоа го поздравуваат и така и ќе продолжам во иднина, беше дециден претседателот на Владата Никола Груевски.

Покрај Илинден и Петровец  за една седмица премиерот со владин тим ги посетија  Охрид, Ресен Демир Хисар, Прилеп и Тетовско.