Груевски: Новиот оглас за распределба на државно земјоделско земјиште можност за нови вработувања

Новиот оглас за распределба на државно земјоделско земјиште кој е распишан денеска отвора можност за нови вработувања, за самовработувања, но и за домашни и странски компании да отпочнат производство на земјоделски производи или да отворат капацитети за нивна преработка поради големината на парцелите, изјави денеска во Виница премиерот Никола Груевски.
- Нов оглас за распределба на државно земјоделско земјиште е објавен денеска. Објавени се три огласи. Првите два се за капацитети за преработка на земјоделски производи, а третиот е за земјоделско производоство по избор на оној кој ќе ја земе земјата. Сите парцели ќе бидат над три хектари, што е можност за посериозно производство и ќе има јавна лицитација за оние кои ќе сакаат да конкурираат за земање на тоа земјиште. Тука има голем потенцијал и за многу вработувања и за зголемување на извозот и за самовработување, така што очекувам да има голем интерес, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека огласено е ржавно земјиште во повеќе региони, во Куманово, во штипско - светиниколскиот регион, каде е и Џумајлија, ги има во ресенскиот регион и други региони низ Македонија.
Премиерот Груевски притоа упати повик до сите домашни, но и индивидуални странски компании кои се заинтересирани за земање под закуп земјоделско земјиште заради земјоделско производство или отворање капацитети за преработка на земјоделски производи да се јават на огласот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
