Груевски: Нови 30 вработувања за децата без родители

Нови 30 деца излезени од детските домови за деца без родители наскоро ќе бидат вработени во рамките на проектот „Д 10“, најави денеска премиерот Никола Груевски.
- Во фаза е нова тура на примање 30 деца кои излегле од домови за грижа на деца без родители и за десетина дена треба да заврши целокупната процедура и да почнат со работа во различни државни институции, рече премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец.
Тој истакна дека досега со проектот „Д 10“, што почна да се реализира во 2013 година, се вработени 113 деца од таа категорија, а со новите 30 вработувања нивната бројка ќе достигне до 143.
- Ние и во минатото сме помагале на ваквата категорија граѓани, но тоа повеќе беше стихијно и ад хок. Од 2013 година веќе имаме системска програма која секоја година е дел од буџетот и која ќе продолжи и понатаму, рече Груевски, нагласувјаќи дека и понатаму ќе продолжи континуираната грижа на Владата за децата без родители.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
-

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, на аеродромите повеќе од два милиони патници во првите шест месеци
-

Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири
-

Клиника за пластична хирургија: Етапно реконструктивно лекување на повредените во пожарот во Кочани
