Груевски: Невозможно е да ми се замрзне имот кој го немам
Невозможно е да се замрзне мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично.
Вака поранешниот премиер Никола Груевски одговори на објавите дека Јавното обвинителство запленило земјиште на Водно и два стана кои се негови.
Тој во објава на Фејсбук вели дека надлежните не знаат чиј имот замрзнале.
- Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”. Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено. Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот, напиша Груевски на ФБ.
Вели дека Обвинителството немало друг избор освен да води, како што рече, незаконска постапка за обвинение, иако и самиот не дал исказ во Обвинителството.
-Без што неможе да започне судска постапка а истото планираат или незаконски ќе се обидат да го покријат со дадени мои изјави за други предмети каде ми земале изјава под иста квалификација но за сосема друг случај што и јавно го посочија во изјава и што не кореспондира ниту со закон ниту со логика или што сум дал изјава за само еден случај во фаза на прибирање информации а не во фаза пред обвинение, што исто така е спротивно на Законот. Значи, прогон по секоја цена, макар и незаконски. Во време на пандемија со која власта е пример за неспособност за справување во светски рамки, во време на тешки криминални афери каде тие се клучните актери, власта се занимава со мене со надеж дека народот нема да се занимава со нив, вели Груевски.
Ново на Сител
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
