Груевски: Наскоро нови бесплатни типски проекти за куќи

Интересот за бесплатните проекти што им се понудија за изградба на куќи за граѓаните е голем и многу граѓани или доаѓаат во Министерството за транспрот и врски или пак ги преземаат од интернет, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Засега има шест различни проекти за куќи со различна квадратура, но министерот за транспорт и врски неодамна објави дека ќе се направат најмалку уште толку, а можеби и повеќе типови на проекти. Со тоа најмалку ќе има уште шест, а веројатно десет или повеќе видови дизајни на куќи со различна квадратура и различна големина, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Тој прецизира дека граѓаните на овој начин ќе имаат одлична можност да заштедат по околу 2 илјади евра за проект, а оние што имаат пари ќе можат да си нарачаат и проекти по сопствена желба и ќе можат на архитектот да му предложат да изработи план во согласност со нивните желби.
- Многу граѓани немаат доволно средства за тоа да го направат и едвај наоѓаат начин како да дојдат до сопствена куќа преку кредити или слично и не можат да си го дозволат да го платат и проектот. Токму за таквата категорија граѓани Министерството за транспорт и врски и Владата веќе пред неколку месеци објави шест готови типски проекти на куќи, а сега се во подготовка уште најмалку толку, а веројатно и повеќе типски проекти за изградба на куќи со различна големина и квадратура и рзличен дизајн и внатрешно уредување, истакна Груевски.
Ново на Сител
-

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
-

20-годишник од скопско бегајќи од полиција со возило удрил во бетонски ѕид и во полициски автомобил
-

Шумски пожар уништи десетици домови во американската сојузна држава Невада
-

Мицкоски: Силно го поддржуваме Трамп, сакаме стратешкиот дијалог со САД да донесе конкретни резултати
-

Поради сообраќајка целосно блокиран патот Крива Паланка – Куманово
-

Биткоинот над 80 илјади долари, највисоко ниво од мај
-

УХМР: Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за невреме
-

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ
