Груевски: Народот ќе одлучи меѓу оние кои даваат лажни ветувања и оние кои имаат програма

На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања и оние кои имаат програма и принципи до кои се држат, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
На денешната прес-конференција на која најави набавка на нова медицинска опрема вредна околу 33 милиони евра, Груевски рече дека имаат програма и принципи до кои се држат.
- Граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме, рече Груевски.
Според него, и она што е остварено во изминатите години е гаранција дека ќе остваруваат многу повеќе. - Затоа нашата визија е патот за напредок. Заедничкиот пат за нашата Македонија, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
