Груевски: Многумина се плашат од моето враќање во Македонија

- Mногумина во Македонија се плашат од евентуално мое враќање во земјава, истакна поранешниот премиер Никола Груевски во ексклузивно интервју за српска “Политика”.
- Мојот политички прогон трае со ист интензитет како и во минатите шест-седум години. Најголемо влијание во Обвинителството, судството и медиумите и понатаму има Зоран Заев, кој е неуморно посветен на мојот и прогонот на моите поранешни соработници, вели експремиерот Никола Груевски во интервју за српска „Политика“, одговарајќи на прашањето дали се созреани услови за негово враќање во земјава.
Според поранешниот премиер, кој во моментов живее во Будимпешта, постои соработка меѓу поранешниот шеф на Владата, Зоран Заев и актуелниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски.
- За жал, наместо да се бори да го порази Заев на политичката сцена и да помогне во запирање на неправдата која преку политички прогон ни е спроведена мене и на моите поранешни соработници, Мицкоски стана најголем сојузник со оној кој го креираше и диктира тој политички прогон. Заев направи непроценлива штета на Македонија, особено неговите ставови во врска со националните прашања, посочил Груевски.
Како што истакнува човекот кој избега од земјава, влезот на Бугарите во Уставот е помал проблем, затоа што, како што вели, потоа следуваат поголеми прашања, прашањата за идентитетот на македонскиот народ, неговара историја и јазик.
Нагласил дека многумина во земјава се плашат од негово враќање.
-Во овој момент имаме огромен ангажман на моќници во македонската политика за тоа да не се случи брзо, пред се поради нивниот личен интерес и страв, истакнал експремиерот.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
