Македонија
31. December 2015 - 12:45

Груевски: Младите луѓе ни се на врвот на приоритетите

Ако новите работни места ни беа и ќе ни останат прв приоритет, сигурно во врвот на приоритетите ни се и младите луѓе со голем број проекти за нив, истакнува во новогодишното обраќање премиерот Никола Груевски.

Тој најавува дека следната година ќе почне реализацијата на проектот „Купи куќа за млади“.

- Тоа е проект кој очекувам на илјадници млади луѓе до 35 години во наредните години да им помогне да си обезбедат куќа под исклучително поволни услови со поддршка на државата, вели Груевски.