Македонија
26. July 2016 - 19:09

Груевски меѓу граѓаните се бараат решенија

Како што истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на местото оштетено од поплавите реконструкцијата ќе биде готова до крајот на годината.

Еден од жителите во разговор со Груевски го посочи проблемот и потребата за изградба на патот Пробиштип Крупиште.

Се градат и улици во наслебата Камењар во вредност од 27 милиони денари. Во ова место со процесот на легализација на дивоградбите им е решен еден од најгорливите проблеми на граѓаните. По изградбата на улиците  ќе се градат и спортски терени.

Груевски информираше дека од август ќе се рестартира рудникот Злетово , а во септември или октомври рудникот Тораница, со што се очекува рударите што претходно работеле во нив да се вратат на работа