Груевски: Ќе градиме нов студентски дом
Многу краткорочно, денеска веќе се преземаат активности за тоа што се случи во домот Гоце Делчев околу прокиснувањето. Ние како влада имаме донесено интерна одлука за изградба на нов студентски дом во Скопје, рече премиерот Никола Груевски при гостувањето во вестите на СИТЕЛ.
Груевски рече постоечките студентски домови кои се реновирани се реновирани од оваа влада, а се изградени и нови. Груевски вели дека има реновирање во СД Кузман и СД Гоце Делчев.
-Се што е реновирано или изградено од ново е откако ВМРО –ДПМЕН е на власт. Планираме да почнеме подготовки за градба на нов студентски дом кој би сместил од 5000 до 1000 лица зависно од потребите. Размислуваме за локацијата каде ќе биде. Разгледуваме варијанти во Центар, Гази Баба, Ѓорче, во наредните десеттина дена би требало да ја одредиме точната локација, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека размислуваат како да најдат начин ако е можно да се забрза реновирањето на „Гоце Делчев“ кое што е започнато.
-Јас се сеќавам токму во гостување на оваа телевизија најавив дека ќе има реновирање, тоа и се случи. По мојата најава владата ја донесе одлуката, се отвори тендер за проект за реновирање, се направи, се отвори тендер за изградба и започна изградбата по блокови. Се почна со реновирање од блокот Б кој беше во најлоша состојба. Завршено е реновирањето на овој блок, се чека внесувањето на новиот мебел. За еден месец, сите оние кои се од блокот А ќе се вселат во блокот Б за да почне реновирањето на блокот А. Остануваат двата други блока В и Г , ќе треба најмалку уште една година, можеби и повеќе. Од тие причини бараме начин како да се забрза сето тоа. Нашето ветување како што беше си тече. Ќе видиме како ќе се најде начин за да се забрза, имаме разни варијанти, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец