Груевски: Јавно ќе се обложам дека Заев нема да изгради нов Клинички центар!

Поранешниот премиер Никола Груевски, почна редовна на социјалната мрежа фејсбук да ја критикува работата на новата Влада. Тој денеска обвини дека запреле сите капитални проекти, само за да се понижиле ВМРО-ДПМНЕ и нејзините челници.
Како пример го зема случајот со изградбата на Клиничкиот центар во Скопје.
-По неколку години опсежни анализи и стручни дебати, подготовки, барања извори на финансирање, правење проекти, спроведување постапки за градба, преговори со банки, консултации со огромен број експерти од различни области, јавна расправа, склучување договори, … кога се беше завршено за градбата да започне, кога се обезбеди поволен кредит од Банката за развој при Советот на Европа, кога таа ги одобри сите постапки и кога се склучи и договор за градба, се случи трансферот на власта. Прво, пумпаа дека и тука има нешто сомнително, па ќе испитувале. Испитуваа и ништо не најдоа. Потоа, потрошија 10 месеци во наводна анализа за тоа каде било подобро да се изгради Клиничкиот центар, таму каде е сега или во населеното место викано Бардовци.
И по една година, заклучија дека ќе градат нов Клинички центар во Бардовци. Исто како за 600-те километри нови автопатишта и за ова подготвен сум јавно да се обложам со секого, дека градба на објектот во кој би бил новиот Клинички центар во Бардовци, во 4 годишниот мандат на СДСМ, доколку го истера цел мандат, нема да има. Деновиве при гостување на ТВ 24, Зоран Заев кажа дека објектот на Клиничкиот центар во Бардовци ќе почнел да се гради во 2019-та. Нема да почне. А уште помалку да заврши до следните парламентарни избори, дури и да се редовни.
Ова го тврдам, затоа што и владата која ја предводев ја правеше истата анализа и точно знам колку време, колку процедури и колку пари се потребни за овој потфат, напиша Груевски на фејсбук.
Ново на Сител
-

Запленети над 1,5 тони марихуана во голема операција во Белград
-

Ангелов: Пожарот во Јасен се влошува, но со брза интервенција е запрен
-

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори
-

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар
-

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани
-

„Гринпис – Бугарија“ пријави над 170 нафтени дамки во бугарските води на Црното Море
-

Институт за проучување на војната: Кремљ не се обврзал јавно за средба меѓу Путин и Зеленски
-

Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт
