Груевски: Изградбата на спортските објекти еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ

Спортските објекти се еден од приоритетите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Инвестициите во спортот и младите продолжуваат, ќе се реализираат уште многу проекти и она што е ветено од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реализирано како и во сите досегашни случаи, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Годинава целосно ќе биде завршена спортската сала во студентскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во која ќе има трибини за 2000 гледачи, а ќе се заврши и спортската сала во населбата Ченто. Изградба на нови сали ќе започне во Охрид, Бучим, Крушево, во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, а ќе се завршат и над десет училишни спортски сали низ цела држава, изјави Груевски, одговарајќи на прашање по посетата на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Прецизира дека за годинава е предвидена и изградба на 22 мултифункционални игралишта и 18 тениски терени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
