Груевски: Им честитам на АРМ и полицијата за однесувањето на јужната граница

Одлуката да се постави ограда на нашата јужна државна граница е донесена како резултат на проценка на ризиците на стручни лица и е дел од заклучоците на советот за безбедност. Нејзина основна цел не е да попречува, туку да го насочува и канализира протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, рече вечерва премиерот Никола Груевски во обраќањето на свечената академија по повод утрешниот државно-црковен празник Свети Климент Охридски.
Нашата граница е отворена и во неа, додаде, може да влезат сите бегалци што доаѓаат од земји зафатени со воен конфликт, истите оние категории кои се пропуштаат за влез во земјите во ЕУ.
- Тој чин е направен согласно сите стандарди и јас би сакал да и честитам на Армијата на Република Македонија заради добро извршената работа која е во интерес на сите граѓани. Би сакал да дадам и признание за македонската полиција која со соодветна и пропорционална активност одолева на сите ризици и безбедносни закани и на високо и професионално ниво ја врши својата задача на јужната граница, потенцира Груевски.
Ново на Сител
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
