Груевски го информирал Борисов дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Договорот
ВМРО-ДПМНЕ согласно ставот на Централниот комитет на партијата, нема да даде поддршка на договорот кој го потпиша владата на Зоран Заев, а за кој ВМРО-ДПМНЕ имаше конструктивни и суштински забелешки и предлози за негово подобрување.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, ова го изјавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.
- Во однос на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во однос на оваа тема има принципиелни, долгогодишни и аргументирани ставови чија основна идеја беше постигнување на договор во кој нема да има чувство на победник и поразен и кој ќе ја реализира идејата за вистинско и рамноправно пријателство и соработка помеѓу двете држави и народи. Тој го извести својот соговорник дека согласно ставот на Централниот комитет на партијата, ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на договорот кој го потпиша марионетската влада на Зоран Заев, а за кој ВМРО-ДПМНЕ имаше конструктивни и суштински забелешки и предлози за негово подобрување, се наведува во соопштението.
Од партијата, посочуваат дека двајцата ја истакнале заедничката посветеност за унапредување на добрососедските односи во сферите од заеднички интерес, и интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО. Груевски, се посочува, истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на пријателството помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, економски развој и подобра соработка помеѓу македонскиот и бугарскиот народ.
- Двете страни ја истакнаа значајноста и потребата од што побрза интеграција на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, како приоритет кој ќе обезбеди трајна стабилизација на регионот и ќе обезбеди услови за дополнителен економски развој на истиот, се наведува во соопштението.
Соговорниците, се додава, разговарале и за соработката во рамки на Европската народна партија, каде што членуваат и двете партии ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ.
Ново на Сител
-
Ноќеска активни десет пожари, 16 се изгаснати
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци