Груевски: Договорот од 2 јуни/15 јули мора целосно да се спроведе
Договорот од 2-ри јуни, како и протоколот од 15-ти јули мора целосно и дословно да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24-ти април 2016 година, после кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава изборите, е пораката што ја упати премиерот Никола Груевски во врска со актуелните внатреполитички случувања, денеска во обраќањето на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија.
- Доста и е на Макеоднија од бојкоти и од политичари кои немаат доблест да излезат пред нивната партија и пред народот и да признаат пораз. Реформите кои ги договоривме мораме да ги завршиме на време и квалитетно. Државата со нив треба да се придвижи напред и да воведе повисоки стандарди во различни области, истакна премиерот.
Договорот за избор на специјален јавен обвинител, потенцира Груевски, треба да се реализира онака како што е договорен.
- Како е договорено и потпишано, така треба да се реализира, без додавање или одземање. Тој обвинител треба да биде автономен и да има доволен број стручни и технички соработници, истражители и целокупната потребна логистика од човечки ресурски, средства за покривање на трошоците и техничка логистика, во смисла, на канцеларии, возила, и слично. Тој не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа, ниту пак под внатрешни или надворешни влијанија. Треба чесно да си ја изработи својата работа и да донесе непристрасни одлуки, рече Груевски.
Тој го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот, и ги потсети дека освен права, како опозиција имаат и одговорност пред народот.
- Тие се платени од народот, совесно, одговорно и чесно да ја обавуваат својата функција како опозиција во Парламентот. Така треба и да дејствуваат ако сакаат да имаат надеж да ја освојат поддршката од мнозинството граѓани во државата, нагласи премиерот Груевски.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка