Груевски до СДСМ: Нема бегање од избори
Во поглед на преговорите од Пржино Груевски истакна:
-Имаме преговори на две страни во кои што едната знае дека ќе победи, ја чувствува подрршката од народот, а другата знае дека ќе загуби и бара начини доколку е можно тоа да го ублажи, односно да ги одложи следните избори договорени за месец април. Како може да се одложат освен ако не се растурат овие проговори, а како може да се растурат освен со поставување на нерационални барања, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека тоа се барања кои немаат никаква смисла, па дури и ситуации кога некогаш ќе им ги прифатат тие барања, тогаш поставуваат за истата работа дополнителни барања и очекуваат да ги ивадат од такт и владејачката партија да почне да ги прекинува и напушта преговорите.
-За да ја остварат својата цел да избегаат од следните избори, односно да се одложат, но тоа да биде по наша вина, а не по нивна, односно тоа така да се прикаже во јавноста дека е по наша вина. Јас ќе им порачам дека нема бегање од зибори, изборите мора да се одржат и тие мора да се соочат со граѓаните, со се она што го правеа изминатиот период и убеден сумм, точно знам дека ќе имаме убедлива поддршка од граѓаните, многу силна поддршка, слично на она што го имавме минатата година, а можби и посилна, вели Груевски.
.be
Ново на Сител
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје
-
Велика Британија воведе уште сто санкции против Русија
-
Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект
-
Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата
-
Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“