Груевски: Четири пораки ќе испрати народот на 24 април
Четири пораки народот ќе испрати на предвремените парламентарни избори на 24 април на кои со убедлива поддршка на мнозинството ќе победи ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата „За подобра Македонија“, рече лидерот на партијата Никола Груевски на 16.Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
- Првата порака е дека ова е негова и само негова земја и само тој народ одлучува за нејзината иднина и за нејзините водачи. И никој друг не може насила или со валкана игра да му го одземе тоа суверено право. Овој народ е господар на оваа територија. Ова ќе биде порака кон внатре и кон надвор од земјата, рече Груевски.
Втората порака што ќе ја испрати народот во април ќе биде до сите сегашни и идни политичари дека со валкана игра и со манипулации не се освојува довербата на народот и не се доаѓа до власт на таков начин.
- Довербата се освојува со работа и со резултати, со искрен пристап и почит кон сопствената земја и луѓето во неа, со реформи, со дела, со проекти, со решавање на проблемите на луѓето, со држење до дадениот збор, со инвестиции и отворање на нови работни места...После оваа лекција која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине многу долго време пред на некој политичар повторно да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори..., рече Груевски.
Третата порака на народот на овие избори ќе биде, рече Груевски, дека не може криминалец и измамник да дојде на власт за прв човек во дражвата.
- Тоа народот ќе го каже на овие избори. Колку сака нека е богат и колку сака нека има пари, колку сака нека му подготвуваат однадвор, не може човек кој цела кариера делел тендери на сите членвои на неговата фамилија, барал поткупи од бизнисмени, соработувал со криминалци и фалсификатори, човек кој секој ден ги менува сопствените ставови заради личен интерес, не може таков човек да им биде премиер на граѓаните на оваа држава, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Четвртата порака на следните избори од народот ќе биде дека не само што е господар на оваа територија и одлучува за својата иднина, туку и дека е мудар народ.
- Треба да знае дека народот не е ниту глупав, ниту наивен, туку глупав е оној кој верува дека ќе го убеди да му купи нешто што овој одамна го има, рече Груевски, посочувајќи дека кај опозицијата се МВР и ДИК, две институици кои ги организираат изборите, а СДСМ притоа, рече тој, „го прави народот будала дека не може да се организираат фер и демократски избори“.
- Не може да има понуда од власта до опозицијата од типот бирајте кој закон за медиуми од било која земја од ЕУ го сакате, ако овој не ви чини, и истовремено тие на народот да му образложуваат дека заради медиумите морало да ги одложат изборите... Се што направивме, се исплукаа. Но ако некој и најдобрите наши работи и најдобрите наши реформи, проекти, дела, субвенции, ги исплукал и ги прогласил за стратешки грешки, криминлни промашувања и слично, тогаш мора да е толку глупав да верува дека народот е глупав и ќе му поверува, додаде Груевски на обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ