Македонија
8. July 2015 - 17:15

Груевски: 6-валентните вакцини ќе се применуваат од август, а 5-валентните од септември

Поливалентните вакицини пристигнаа во Македонија. Примената почнува од август, најави премиерот Никола Груевски. Вчера Францускиот производител прво ги испорачал шестовалентните вакцини кои во наредните 2 до 3 недели ќе се распределат во сите Центри за имунизација во земјава.

-Што се однесува до петвалентните вакцини, тие треба да пристигнат до почетокот на август и оти веднаш по нивното пристигнување ќе почне дистрибуцијата. Исто така ќе бидат потребни две до три недели да се дистрибуираат и нивното користење ќе започне од 1 септември. Со ова исполнуваме уште едно наше ветување дадено во програмата и пред македонските граѓани, истакна премиерот Никола Груевски.

Со поливалентите вакицини децата со едно боцкање се штитат од 5 или 6 тешки болести, а наместо 13 ќе бидат боцкани 7 пати. Овие вакцини ќе ги добијат сите бебиња до 18 месечна возраст.

За проектот поливалентни вакцини Владата инвестираше  околу  3 милиони евра.