Груби за сликата без маски: Ги повикуваме надлежностите да изречат мерки кои ќе ги испочитуваме како секој граѓанин

Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби, во изјава за „360 степени“, вели дека заедно со функционерите и раководството на ДУИ преземаат целосна одговорност и ги повикуваат институциите да ги казнат за фотографијата без маски направена во новите простории на неговото министерство.
„Реакциите на јавноста за сликата без маски се оправдани, сметам дека згрешивме за миг и со нејзиното објавувањето се испраќа погрешна порака на сметка на потребата за носење лична заштита. Покрај грижата за своето лично и семејно, заедно со јавното здравје, ние сме посветени како избрани претставници да бидеме пример и да предводиме со дела во сè што правиме. Жалам што во оваа инстанца не бевме на висината на оваа наша посветеност. Затоа преземаме целосна одговорност, спремни сме да ги сносиме последиците и да ги почитуваме одлуките. Ги повикуваме надлежните институции да изречат мерки кои ќе ги испочитуваме како секој граѓанин“, вели Груби.
Фотографијата беше направена пред два дена, кога Министерството се вселуваше во новите канцеларии. Тој ден и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го прослави 62. роденден, а сопартијците го искористија неговото присуство за да му приредат изненадување.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
