Груби на СЕФФ: Поминавме низ многу предизвици, заедно со нашите меѓународни пријатели работиме да ја постигнеме следната цел
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се обрати на третиот панел „Европската интеграција и економскиот просперитет „Европа – Да, Европа сега“, во рамки на „Скопскиот економско-финансиски форум СЕФФ ’23“, што се одржува денеска во Скопје во организација на Министерството за финансии.
- Задоволство е што Ве гледам денес сите овде. Ние сме на пат кој треба да ја интегрира нашата земја во Европската Унија, па за ова ја имаме поддршката од Соединетите Американски Држави, пријателските земји, странските мисионери во нашата земја, но и самата ЕУ, кои постојано не охрабруваат да бидете дел од Европската Унија, истакна Груби, во своето обраќање на тема „Геополитика, создавање на политика и финансии“, информираат од неговиот кабинет.
Според Груби, се прават напори Европа да се доближи до граѓаните и да се воспостават стандарди и благосостојба за граѓаните.
- Нашата земја во 2001 година потпиша голем договор помина успешно и во тој случај беше постигнат мировен договор со помош на меѓународните пријатели. Ова беше првиот чекор, додека вториот беше членството во НАТО, кое исто така беше постигнато со зајакнување и охрабрување на нашите европски и прозападни пријатели. Сега, кога сме членки на НАТО, гледаме дека сме стабилна, безбедна и мирна земја, но сега го имаме третиот предизвик, третиот чекор, а тоа е членство на земјата во ЕУ. Судејќи од минатото кога носевме крупни одлуки, имаше отпор и од некои политички партии, поради тоа мојот став и ставот на ДУИ е дека сме посветени да дојдеме до финалниот процес и да ја постигнеме крајната цел за државата. Да ја доближиме Европа до нашите граѓани и да го запреме заминувањето на луѓето од земјата, да создадеме стандарди и благосостојба за сите наши граѓани, заклучи Груби, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон