Македонија
14. December 2021 - 9:50

Груби: Мицкоски прифати премиер Албанец

Вицепремиерот Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ21 изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е „веќе согласен во последните 100 дена на Владата на чело да застане премиер Албанец“.

-Договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори. Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека во последните 100 денови од Владата, ќе ја предводи премиер Албанец.. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски, верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Тоа е разговарано меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на последните 100 дена на оваа Влада. Лично за ова разговарале Ахмети и Мицкоски, порача Груби.