Македонија
11. February 2018 - 11:05

Груби: Конечното решение за спорот со името да биде достоинствено и взаемно прифатливо

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби и посредникот на Обединетите Нации за спорот со името Метјуц Нимиц на работен ручек во Њујрок разговарале општо за спорот и посредништвото  на медијаторот и споделиле размислувања за актуелните случување, соопшти собраниската Комисија за европски прашања, чиј претседател е Груби.

Груби му ги пренел на Нимиц впечатоците од средбите во Вашингтон, вклучувајќи ги и видувањата и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.

- Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е поблиску од кога било.  Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо. Компромисот мора да овозможи неодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со оддржлив мир и стабилноство нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи представува предуслов за економски развој и општествена благосостојба, се вели во соопштението.

ДУИ, се додава, целосно ги поддржува напорите на Нимиц и на преговарачите во спорот.