Македонија
6. October 2016 - 13:44

Гроздоберот заврши кобно за еден гевгеличанец

Берба на грозје заврши кобно во Гевгелија. Според податоците од полицијата, во 12 часот воселото Пирава-валандовско, на местото „Пиравска плантажа“, во камп со монтажни бараки за берба на грозје, при меѓусебна расправија, 21-годишниот Ј.А. од Струмица, му нанел убодна рана во пределот на левата страна од стомакот на 66-годишниот С.М. од Велес, кој бил одговорен за евидентирање на гаjби од берба на грозје.

По настанот, младото момче заминало во непознат правец, а С.М. бил пренесен во Здравсвен дом-Гевгелија каде му била констатирана убодна рана во пределот на стомакот, по што бил задржан на понатамошно лекување.

По преземени мерки Ј.А. бил пронајден и приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.