Свет
22. March 2021 - 18:37

Гром усмрти 23-годишна сурферка од Ел Салвадор

Салвадорската сурферка Катарине Дијаз го загуби животот по удар на гром за време на тренингот за претстојните квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Меѓународната сурферска федерација (ISA).

Несреќата се случила непосредно откако 23-годишната Диаз влегла во водата.

Ел Салвадор од 29 мај до 6 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во сурфање, на кое седум најдобропласирани натпреварувачи, кои сè уште се без олимписка норма, ќе обезбедат настап на Олимпијадата во Токио. Сурфањето на претстојните летни Олимписки игри во јапонската престолнина за прв пат ќе се најде на олимписката програма.