Гром удрил во трафостаницата кај изворите во Шум, отежнато водоснабдувањето во Струга
Гром синоќа удрил во трансформаторот преку кој со електрична енергија се напојуваат водните пумпи во селото Шум, од каде со вода се снабдуваат Струга и околината.
Јавното претпријатие „Проаква“ информира дека трансформаторот претрпел големо оштетување, што го отежнува снабдувањето со вода на населението.
– Како последица на ова во текот на денот ќе има слабо снабдување со вода за пиење на Струга и селата. Апелираме до корисниците да преземат потребни мерки за да имаат вода барем за основните потреби додека не се санира овој голем дефект, соопшти ЈП „Проаква“.
Екипи на претпријатието заедно со ЕВН Македонија се на местото на настанот и прават напори да го оспособат трансформаторот, со цел во текот на денот да се нормализира снабдувањето со вода за пиење
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди

