ГРОМ: Со прифаќањето зедничка историја со Бугарија, Заев ја отвори пандорината кутија
Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) преку пишано соопштение му порачува на премиерот Зоран Заев дека со прифаќањето на заедничката историја со Бугарија и заедничкото славење на празниците ја потврдил тезата „един народ-две држави“ и ја отворил „пандорината кутија“.
- ГРОМ веќе две години предупредува дека во Република Македонија ќе се инсталира марионетска влада чија задача е да ги урниса македонските национални интереси и да им „заврши работа“ на соседите. Вчера Заев отиде во Софија да ги продава македонските национални интереси и со еден потег ги помножи со „0“ Киро Глигоров и Борис Трајковски и „иконата“ на СДСМ Бранко Црвенковски и сите претходни премиери и како „најпаметен“ прифати се што Бугарите побараа. По сето тоа нормално е Бугарите да го фалат Заев зашто ваков како него бараат од 1944 година, се вели во соопштението од ГРОМ.
Од партијата прашуваат „каква зедничка историја да славиме и дали заедно ги стрелавме младинците од Ваташа, 19-те селани од Дабница, дали заедно ги убивме Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Цветан Димов, Кузман Јосифовски Питу,...., дали заедно депортиравме 7.144 Евреи во Треблинка“.
- Можеме да зборуваме за национално помирување како што тоа го направија Франција и Германија, но не и за заедничка историја. Илинден можеме да го славиме како заеднички верски празник, зашто и Бугарите го слават Свети Илија, но никако како Илинденско востание зашто Бугарите ги прелажаа Илинденците за да ги убијат најголемите македонски револуционери и на нивно место да инсталираат пробугарски. Прашуваме и од која историја ќе учат учениците и кој ќе им ги пишува учебниците дали бугарските историчари, а нашите ќе ги прогласиме за фалсификатори, се нагласува во соопштението од ГРОМ.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении